Фудбал
Гризман: Требаше Французин да победи
Бомбардерот на шпанскиот гигант Атлетико (М) и на актуелниот светски шампион, селекцијата на Франција, Антоан Гризман, не криеше дека е незадоволен од изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на денешницата. Како и во претходните свои настапи, така и за време на свечената церемонија, Французинот уште еднаш го повтори својот став дека некој повеќе го цени трофејот во Лигата на шампиони, отколку тој кој се освојува на Светското првенство.
- Можеви пехарот во Лигата на шампионите е поважен од „божицата“ на СП. Оваа награда низ историјата ја добивале најдобрите и затоа сметав дека Французин треба да ја добие. Било кој. Па ние сме светски прваци и логично е некој да биде прогласен за најдобар, изјави Гризман.