Connect with us

Фудбал

Гризман во Барселона за 100 милиони евра

Барселона и Атлетико Мадрид направија прелиминарен договор за трансферот на Антоан Гризман за 100 милиони евра на „Камп Ноу“.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека двата клуба ги поставиле темелите на договорот и дека по крајот на сезоната францускиот голгетер ќе го носи дресот на Барселона.

Истиот извор оди подалеку и шпекулира дека Гризман ќе потпише петгодишен договор.

Гризман го продолжи договорот со Атлетико оваа година до 2022 година, со клаузула од 100 до 200 милиони евра, но со важност 12 месеци, бидејќи од јули 2018 година клаузулата повторно ќе изнесува 100 милиони евра.

Атлетико не се противи на трансферот, бидејќи 26-годишниот Французин не игра на нивото од претходната сезона. Тој сезонава постигна само три гола, но и покрај тоа интерес за него покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед.