Connect with us

Тајмаут

Гризман: Заслужено сме во финале

Напаѓачот на Атлетико, Антоан Гризман по елиминацијата на Арсенал во полуфиналето на Лига Европа се надева дека овојпат ќе може да земе европски трофеј со тимот.

Во 2016 година „јорганџиите“ загубија финале од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Гризман пропушти пенал. Сега Французинот е амбициозен да ја освои Лигата на Европа.

Синоќа тој му помогна на Диего Кошта да го постигне победничкиот гол против Арсенал.

– Многу сме среќни. Со нетрпение го очекуваме финалето. Се надевавме дека атмосферата ќе биде иста како на „Висенте Калдерон“, и тоа се случи. Го заслуживме финалето, беше многу важно за нас да стигнеме до последниот натпревар на турнирот, изјави Гризман.

Ривал на Атлетико во финалето на 16 мај ќе биде Олимпик Марсеј.