Фудбал
Грузија одигра реми, мала надеж за прво, но се чини дека Македонија и Бугарија ќе се борат за второто место!
Бугарија одигра 0-0 на гостувањето кај Грузија во натпревар од Лигата на нации. Натпреварот во Тбилиси одигран пред 50.000 гледачи помина речиси целосно под диктат на домаќините кои сериозно доминираа, но ниту еднаш не успеаја да ја затресат мрежата на Бугарија. Така, Бугарите собраа три бода по првите четири натпревари од група во Лигата „Ц“ на турнирот.
Со оглед на тоа дека по победата во Скопје од 0:3, Грузија со 10 бодови се чини дека е недостижна за Македонија која има 7, иако теоретски се е можно. Сепак со оглед на тоа дека гостуваме на Грузија, а противникот има подобар распоред во септември, се чини деа клучниот меч беше во Скопје.
СЛЕДНИ МЕЧЕВИ, СЕПТЕМВРИ
5.коло (23.09.2022)
Бугарија – Гибралтар
Грузија – Македонија
6.коло (26:09.2022)
Македонија – Бугарија
Гибралтар – Грузија