Connect with us

Фудбал

Гвадиола соработуваше со него во Баерн, а сега повторно заедно?!

Со заминувањето на Микел Артета во декември во Арсенал, остана празно местото на првиот помошник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити.

Според пишувањата на порталот “Goal“ една од можните опции е Чаби Алонсо, на кој Пеп му беше шеф во времето додека седеше на клупата на Баерн Минхен.

Гвардиола две сезони беше ментор на некогашниот играч за врска кој по завршетокот на договорот со Баерн Минхен во 2017-та година реши да стави точка на богатата фудбалска кариера и да се посвети на тренерската професија.

Градењето на кариерата ја почна во Реал Мадрид, во младинските категории, по што се пресели во 2018-та во Реал Сосиедад, каде го предводи Б тимот во третата лига.