Connect with us

Фудбал

Гвардиола го пофали Конте

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се искажа доста позитивно за Антонио Конте. Поранешниот тренер на Баерн рече дека Конте внел нов начин на напаѓање во англискиот фудбал, додавајќи дека бил тактички учител.

– Антонио е менаџер на Челзи и многу луѓе не сфаќаат она што тој го направи во Премиер лигата. Тој претстави нов начин на напад со пет дефанзивци, нов систем. Многу тимови дури се обидуваат да го копираат, Арсенал пример, рече Пеп пред „Скајспортс“.

Каталонецот додаде дека секој менаџер може да влезе во лоша серија на резултати и не сака да суди на икого.

– Тој направи одлична работа во минатата сезона. Тактички тој е учител. Тој направи одлични работи со Италија и Јувентус. Мислам дека Конте ќе остави трага на англискиот фудбал, кога ќе си замине. Убеден сум“, додаде Гвардиола.

Манчестер Сити е домаќин на Челзи во недела во 17 часот во натпревар од 29-тото коло од Премиер Лигата.