Connect with us

Фудбал

Гвардиола го собори рекордот на Сер Алекс

Пеп Гвардиола го предводеше Манчестер Сити до лесна победа на гостувањето кај Слован Братислава во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ победија со 4:0.

Манчестер Сити сега има 13 победи во Лигата на шампионите со повеќе од 4 гола разлика под водство на Гвардиола.

Ова е нов рекорд на турнирот. Досега рекордот го држеше Сер Алекс Фергусон со Манчестер Јунајтед. Шкотланѓанецот има 12 успеси со „црвените ѓаволи“ со најмалку 4 гола разлика.