Connect with us

Фудбал

Гвардиола лично разговарал со Жозе Мурињо за потенцијален трансфер на ѕвездата на Јунајтед во Сити

Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо беа огромни конкуренти кога и двајцата беа тренери во Шпанија. Гвардиола беше задолжен за Барселона а  „Специјалниот“ за Реал Мадрид. Домашните и европските судири меѓу овие два европски гиганти ја направија историјата на фудбалот, но сега кога менаџерите се преселија во Англија, нивното ривалство не е исто како порано.

Иако градот Манчестер сега е поделен помеѓу дуото, Мурињо и Гвардиола имаат добри односи, исто така, се зборуваше за можни летни трансфери.

Според Дон Балон, Гвардиола неодамна го повика својот колега од Ман Јунајтед да се распраша за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот весник тврди дека Гвардиола сака да го потпише Маркус Рашфорд ова лето додека бара млади англиски таленти кои ќе бидат иднината на Сити.

Проблемот е, Мурињо не сака да го продаде Рашорд, бидејќи е свесен дека Англичанецот е еден од најдобрите млади таленти во светот. Гвардиола го направи својот потег, но тешко е да се мисли дека Црвените Ѓаволи ќе го продадат талентираниот напаѓач на еден од нивните главни ривали.