Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Минатото лето испративме четири големи понуди за ист играч, но залудно

Пеп Гвардиола откри дека Манчестер Сити на секој начин се обидувал да го доведе англискиот репрезентативец.

Пеп не ги крие симпатиите кон Хари Кејн и го сакаше одличниот напаѓач на Тотенхем на „Етихад“, но ниту богатиот Сити не успеа да го купи.

Минатото лето, во преодниот рок, Сити испрати четири официјални потврди до Тотенхем, но кога по четврти пат дојде негативен одговор, тогаш Граѓаните се откажаа и Пеп верува дека не знаел што ќе се случи во наредните месеци.

„Тогаш немав идеја што ќе се случи, но сега од оваа перспектива гледам дека имаме добар играчки кадар и не сме изгубиле премногу иако навистина го сакав Кејн во мојот тим“, рече Гвардиола, додавајќи:

„Се обидовме, дури четири пати испративме понуди, но Тотенхем не сакаше да го продаде“, додава Пеп.

Сити прво понудил 150, а потоа 180 милиони евра, не се знае кои биле другите две понуди, но наводно Тотенхем барал најмалку 200 милиони евра за еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Гвардиола се уште го сака Кејн, но 28-годишниот фудбалер сега се поврзува со Манчестер Јунајтед и како што наближува летото, сигурно ќе има се повеќе и повеќе гласини.