Connect with us

Фудбал

Гвардиола не бара премногу, само едно засилување за наредниот преоден рок

Манчестер Сити сигурно ќе има одредени средства за трансфери и на крајот на оваа сезона, но наводно желбата на менаџерот Пеп Гвардиола е само една.

Каталонскиот тренер на „Етихад“ на засилувања потроши повеќе од 500 милиони фунти од своето доаѓање во 2016. година, а претходно оваа година за 60 миниони го купи Ријад Марез.

Според „London Evening Standard“, Гвардиола во јануари одлучи да купи ’само‘ играч, а се работи за Рубен Невес од Вулверхемптон.

Невес е португалски играч кој игра во средниот ред, има само 21 година и во 12 настапи во Премиер лигата постигна два гола и една асистенција.