Connect with us

Фудбал

Гвардиола не се откажува, за 70 милиони го купува еден од најдобрите играчи на Интер?!

Милан Шкриниар од доаѓањето од Сампдорија во Интер прерасна во еден од најдобрите дефанзивци. Интерес има од Барселона, но и од Манчестер Сити. Иако, неговиот сегашен тим Интер инсистира дека не е на продажба, сепак Пеп Гвардиола не се откажува.

Тој со сите сили во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Манчестер Сити, а подготвен за него е да плати 70 милиони евра.

Шкриниар има 25 години, за Интер досега одигра 115 мечеви, а „Нероаѕурите“ за него пред три сезони платија „скромни“ 12 милиони евра.

Тој има договор со Интер до јуни 2023-та година.