Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Подобри сме од претходната сезона

Иако Манчестер Сити минатиот викенд изгуби од Кристал Палас за свој терен со 3:2 и на тој начин му дозволи на Лверпул да ја зголеми предноста на четири бода, менаџерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола не е загрижен.

Во изјава за британските медиуми, Гвардиола порача дека неговиот тим оваа сезона е подобар во однос на претходната, кога ја освои Премиер лигата со рекордни 100 освоени бодови.

„Посигурни сме во некои детали, што е нормално затоа што повеќе време поминавме заедно. Имаме повеќе опции за од одбрана да преминеме во напад, подлабоко се браниме“ започна Гвардиола, па додаде:

„Секако, постојат натпревари во кои се губат бодови, но затоа е и толку тешко да ја освоите титулата во Премиер Лигата. Морате константно да држите високо ниво“.

Тезите на Гвардиола имаат смисла, но малку го разбива статистиката затоа што Манчестер Сити во овој месец доживеа два порази во Премиер лигата, а толку имаше во целата измината сезона.