Connect with us

Фудбал

Гвардиола разочаран од играчите кои одбиле намалување на плата-Да бидат продадени!

Според пишувањето на британските медиуми Пеп Гвардиола е разочаран од играчите кои одбиле намалување на платите со цел да му помогнат на клубот полесно да ја преброди финансиската криза, односно „ударот“ кој се очекува поради коронакризата.

Нема се уште конкретни имиња, но наводно се почнало со Лерој Сане кој одбил нов договор и најверојатно ќе замине во Баерн Минхен.

Неколку фудбалери одбиле да им биде намалена платата, па Гвардиола бил разочаран и порачал на раководството овие играчи да бидат продадени во летниот преоден рок.

Инаку, Пеп Гвардиола и неговиот стручен штаб први се согласија на намалување на платите, веднаш потоа истото го стори и најдобриот играч на Сити, Кевин Де Брујн.