Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Се бориме против еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот

Големата борба се води во англиската Премиер лига за титулата.

Манчестер Сити и Ливерпул не се предаваат од коло во коло, а Сити моментално има бод предност.

Пеп Гвардиола истакнува дека пресметката е јасна.

„Ние не сме глупави. Ако одиграме нерешено и изгубиме само два бода, Ливерпул ќе биде шампион. Ако ги добиеме сите натпревари до крајот, ќе бидеме шампиони. Играчите го знаат тоа, знаеме дека не очекуваат тешки натпревари и мора да играме како против Брајтон за да славиме. Ако го направиме тоа, ќе славиме, ако не, тогаш ќе можеме само да му честитаме на Ливерпул“, изјави Гвардиола.

Интересно, и двете екипи се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите и можеа да се најдат во финалето.

За Ливерпул има само пофални зборови.

„Ни претстојат три тешки гостувања, но ќе дадеме се од себе. Се бориме против еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот, тие имаат се. Играчите го знаат тоа. Кога игравме против нив 2:2 на наш терен, бевме подобри, но не успеавме да славиме“.