Connect with us

Фудбал

Гвардиола со право го исмеа Атлетико по натпреварот, но експресно доби одговор

Манчестер Сити со минимална предност игра против Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

На „јорганџиите“ не им помогна ниту „двојниот автобус“ кој Диего Симеоне го паркираше пред голот, кои на крајот беа поразени со 1-0.

По натпреварот, Пеп Гвардиола на некој начин го исмејуваше Атлетико и формацијата 5-5-0, што воопшто не им се допадна на некои од играчите на мадридскиот клуб.

„Почувствувавме дека играат формација 5-3-2 и се пробивме неколку пати на страните“, изјави Гвардиола.

„Играњето со две линии од по пет играчи е праисторија, денес и во следните 100.000 години да се игра против два блока од пет играчи е многу тешко. Нема простор, тие одлично се бранат“.

Првиот играч кој му одговори на Гвардиола беше Коке, капитен и долгогодишен предводник на Атлетико Мадрид.

„Вљубен сум во тебе од праисторијата, горд сум што сум Атлетиковец“, изјави искусниот играч за врска.

Зборовите на Гвардиола сигурно нема да им се допаднат на навивачите на Атлетико, кои за седум дена кога се игра реваншот ќе му приредат пеколен пречек на „Ванда Метрополитано“.