Фудбал
Гвардиола тргнува по сензацијата во Серија А
Иако Арсенал има четири бода предност на врвот во Премиер лигата, се чини дека Манчестер Сити е клубот кој ќе бара се.
Машинеријата на Пеп го доби, според многумина, „завршното парче“ во вид на доаѓањето на Ерлинг Халанд. Норвежанецот не успеа да ја пронајде мрежата против Ливерпул, но неговите бројки се непобитни оваа сезона.
А италијанските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ би можеле да донесат уште едно чудо – Квич Кварaцхелија.
Грузиецот го привлекува вниманието со одличните игри во дресот на Наполи, нема сомнеж дека напаѓачот е една од главните причини поради која тимот на Спалети е актуелен лидер на шампионатот. Популарната „Квица“ сезонава одигра 14 натпревари со седум гола и осум асистенции. Наполитанците го „киднапираа“ за само 11 милиони фунти – неговата цена е веќе трипати повисока по нецелосна полусезона.
21-годишниот фудбалер беше на радарот на многумина, но „граѓаните“ дури сега се уверија во класата на крилниот напаѓач. Прашање е какви пари би му биле потребни за Де Лаурентис да продаде фудбалер од оваа класа.