Фудбал
Гвардиола „удри“ по ФИФА и УЕФА, вака не се издржува
Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардила ги критикуваше ФИФА и УЕФА поради густиот распоред и репрезентативните обврски на фудбалерите. Само во март месец, на секои три дена фудбалерите имаа настапи за своите селекции. Веднаш потоа, три дена подоцна се враќаа на клупските оврски. За Гвардиола ова е премногу.
Фудбалерите имаат неверојатен менталитет, можат да играат и секој ден, но им треба одмор. Ова што го прават ФИФА и УЕФА е премногу. Малку фудбалери можат да го издржат ова темпо, не само физички, туку и ментално, вели Гвардиола.