Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Венгер да не се грижи, нема да завршиме без пораз

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по натпреварот со Кристал Палас (0-0), повторно изјави дека неговиот тим нема да може да го помине целиот шампионат без пораз.

Не размислувам за тоа дека шампионатот ќе го завршиме без пораз. Тоа нема да се случи. Можеби Арсен Венгер е загрижен за ова. Но, многу пати му реков дека серијата од 2004 година е негово достигнување. Денес, се е сосема поинакво, ако се спореди со 2004 година. Сега постојат помоќни тимови. Многу турнири, многу натпревари, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.

По 21 круг во Премиер лигата, Манчестер Сити има 19 победи и 2 нерешени средби.

Арсенал во сезоната-2003/04 стана шампион, не претрпе ниту еден пораз. Лондонскиот тим освои 26 победи со 12 нерешени натпревари.