Connect with us

Фудбал

Хајнкес: Многу силен противник, треба да бидеме внимателни

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, претпазлив по добивањето на Бешикташ за противник во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

– Ние не потценуваме никого, особено не екипа како Бешикташ. Тие имаат многу солиден тим. Ќе биде неопходно да одиграме максимално ангажирано, ако не сакаме да бидеме разочарани, истакна предводникот на Баварците.

Во редовите на Бешикташ сметаа дека можат да с е„носат“ со фаворитот.

– Колку е потежок противникот, толку е поголемо задоволството од победата. Ние не се исплашивме, напротив се мотивиравме повеќе да се бориме. Не сме без шанси, рече претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман.