Connect with us

Фудбал

Хајнкес се повлекува на крајот од сезоната

По завршувањето на сезоната Баерн Минхен ќе мора да си бара нов тренр, откако Јуп Хајнкес потврди дека по 1 јуни ќе се повлече.

– Животот е повеќе од само работа. Јас ќе имам 73 години ова лето и никогаш нема да знаете уште колку време ви останува. Никогаш не планирав да бидам тренер повторно, и сигурно веќе тоа нема да го првам, рече искусниот Хајнкес.

Тој додаде дека го презел Баерн во ситуација кога немало никој друг кој ги исполнувал барањата на раководството во тој кус период.

– Сега имаат доволно време да се одлучат.

Хајнкес покрај Баерн во тренерската кариера работел и во Ајнтрахт, Атлетик Билбао, Тенерифе, Реал Мадрид, Бенфика, Шалке, Баер и Борусија Менхенгладбах.