Фудбал
Хакими пристигна, но Интер сè уште не заврши: Отворени преговори со Челзи
Набргу по официјалниот трансфер на Ашраф Хакими, Интер тргна во потрага по ново засилување – за позиција лев бек.
Хакими, кој го чинеше Интер 45 милиони евра, без сомнение ќе биде првиот избор на Конте на десен бек во новата сезона, а наводно тренерот на Нероаѕури сака Емерсон Палмиери да ја покрие левата страна.
Sky Sport Italia известува дека тренерот на Интер веќе ги натерал челниците на клубот да започнат со спроведување на трансферот на Емерсон, така што, наводно, преговорите се веќе отворени.
Сепак, сè уште не е дадена официјална понуда за 25-годишниот дефанзивец.
Конте беше тој што го донесе Палмиери во Челзи во јануари 2018 година. Тогаш Челзи плати 20 милиони евра за неговиот трансфер.
Сепак, за време од две и пол сезони на „Стемфорд Бриџ“, Палмиери успеа да направи само 53 настапи во дресот на Челзи, бидејќи не успеа да го тргне Маркос Алонсо од стартниот состав.