Connect with us

Фудбал

Халанд ги избра тројцата најдобри за 2021 година: „Морате да кажете дека тој е број еден“

Ерлинг Халанд моментално е на самиот врв на најдобрите напаѓачи во Европа.

Халанд веќе неколку сезони игра на врвно ниво, а фудбалската јавност ја воодушеви со своите игри во дресот на Борусија Дортмунд.

Многумина очекуваат Халанд да го напушти германскиот клуб на крајот од оваа сезона, па прашање е само кој европски гигант ќе одлучи да ја продолжи кариерата.

Норвежанецот и овие денови се најде во центарот на вниманието бидејќи реши да открие кои фудбалери му ја одбележале 2021 година.

Иако Златната топка ја освои Лионел Меси, тој изјави дека едноставно мора да се каже дека Роберт Левандовски моментално е број еден.

„Морате да кажете дека Левандовски е број еден во моментов, барем за мене. Има уште еден, Бензема кој беше навистина фантастичен, но Меси е секогаш на во врвот. Бензема би бил втор, а Меси трет за минатата година“, рече Халанд.