Connect with us

Фудбал

Хамес е клучот за реализација долго очекуваниот трансфер на Левандовски во Реал Мадрид

Роберт Левандовски би можел во летниот преоден рок да се пресели на Сантијаго Бернабе откако неговиот агент веќе контактирал со Реал Мадрид за евентуален трансфер.

Полскиот репрезентативец минатата недела го промени агентот и неговите интереси сега ги застапува Пини Захави, кој го пресели Нејмар во Пари Сен Жермен и кој не губеше време во обидот да го продаде и Левандовски.

Реал е заинтересиран за услугите на напаѓачот и е подготвен за него да издвои 150 милиони евра или постои можност Хамес да се вклучи во трансферот за негов целосен трансфер во Минхен, со што цената на трансферот значително би се намалил.