Connect with us

Други спортови

Хамилтон најбрз и на вториот тренинг во Остин

На вториот тренинг во Остин, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон повторно беше најдобар. Британецот зад себе го остави Макс Верстапен кој постигнува се подобри времиња како наближува крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот.

Третото место е за Себастијан Фетел од Фераири, додека четвртото за Валтери Ботас. Даниел Рикардо заврши како петти, а по него беа Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Фелипе Маса осмиот, Серхио Перез, Естебан Окон.

Денеска од 18 часот на програмата е третиот слободен тренинг, а околу полноќ ќе се возат квалификациите.

Главната трка за Големата награда на САД ќе се вози утревечер од 21 часот по средноевропско време.