Connect with us

Други спортови

Хамилтон победик во трката на Формула 1 во Јапонија

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи денеска во трката во Формула 1 за Голамата награда на Јапонија.

Со победата, предноста ја зголеми на 59 бодови во генералниот пласман пред Себастијан Фетел, возач на Ферари. Фетел не ја заврши трката на патеката Сузука.

Хамилтон ја оствари 61-та победа во кариерата, а осма во сезоната со резултат од еден час 27 минути и 31 секунда.

Луис Хамилтон во следната трка во САД би можел да освои четврта шампионска титула ако победи, а Фетел не се пласира меѓу првите петмина.