Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Секогаш има некои проблеми, немаме среќа…

Поранешниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон покажа голема упорност во трката за Големата награда на Шпанија, но се уште е далеку од местото каде што би се борел за новата титула шампион во елитното првенство. Тој пред медиумите зборуваше за проблемите со кои се соочува тимот на Мерцедес оваа сезона.

Хамилтон ја започна трката од шестата позиција, но заврши во задниот дел кога контактот со Кевин Магнусен во четвртиот свиок го принуди да оди во боксот.

„Не бев песимист – заостанав само 30 секунди. Не бев сигурен дали ќе бидеме казнети. Не знам дали проблемот е доверливоста на нашиот болид. Веќе видовме дека нешто се случува во трката. Мислев дека треба да го зачуваме нашиот мотор за да ни служи за некои други битки. Сепак, мило ми е што не го направивме тоа на крајот. Покажавме дека никогаш не се откажуваме“, изјави Луис Хамилтон.

„Од последната трка минатата сезона имавме проблеми. Постојано се случуваат работи кои ни го отежнуваат напредокот. Немавме среќа со безбедносните возила и други работи. Сепак, ние секогаш се враќаме на седлото“, изјави британскиот автомобилист.

Лидер во генералниот пласман во конкуренција на возачи моментално е Макс Ферстапен со 110 бодови, Шарл Леклер има шест помалку, а на третото место со 85 бодови е тимскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез. Мерцедес е на четвртата и шестата позиција – Џорџ Расел има 74 бодови, а седумкратниот шампион Хамилтон 46.

Седмата трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози на 29 мај за Големата награда на Монако. Во Спортскиот клуб ве очекува директен пренос.