Други спортови
Хамилтон: Среќен сум што повторно сум на прво место
Британецот Луис Хамилтон вчера го постигна својот прв триумф во новата сезона.
Тој ја освои втората трка на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија пред тимскиот колега Валтери Ботис, а по трката го кажа следново:
“Прво, би сакал да се заблагодарам на тимот и на целиот персонал. Тимот направи фантастична работа со стратегијата. Мојата работа беше само да ја контролирам на вистински начин и да ја водам трката”, рече Британецот, додавајќи:
„Среќен сум што се вратив со победи по лошиот викенд. Ова е голем чекор напред“.
Патем, Хамилтон минатата недела заврши на четвртото место на истата патека затоа што доби казна од пет секунди поради инцидент близу крајот на трката.
Следната трка во првенството во Формула 1 ќе се одржи во Унгарија за седум дена.