Connect with us

Фудбал

Хаос кај Шпанците пред полуфинале: Капитенот се заканува дека ќе ја напушти репрезентацијата и државата!

Европското фудбалско првенство влезе во самата завршница и овој вторник ќе го добиеме првиот финалист на континенталниот шампионат бидејќи од 21 часот во Минхен се среќаваат Шпанија и Франција, а во редовите на „Црвената фурија“ имаше малку хаос пред тој натпревар.

Капитенот на шпанската репрезентација Алваро Мората беше прилично лут ноќта пред дуелот со Франција поради критиките кои ги доби среде турнирот каде како лидер ја донесе репрезентацијата на чекор до финалето на големото натпреварување.

– Во Шпанија веќе нема почит кон никого. Многу ми е тешко да бидам среќен во татковината. Без сомнение, јас сум многу посреќен во странство, бидејќи луѓето ме почитуваат таму. Пред некој ден луѓето измислија дека плачев поради жолт картон. Тоа е срање! Плачев од среќа затоа што како капитен ја однесов мојата земја во полуфинале. Поради тоа никогаш не можев да критикувам некого, а се најдов на мета на критики – грмеше Мората.

Тој најави повлекување од репрезентацијата.

– Се трудам да уживам во овој турнир, бидејќи секој натпревар може да ми биде последен во дресот на репрезентацијата, бидејќи никогаш не се знае што носи иднината. Можеби еден ден и ќе ми недостигаат тие што сега ме критикуваат. Моето заминување е се поблиску секој ден и затоа го користам секој момент за да уживам во него, па се случува да се занесам од емоции и да почнат да течат солзи, вели тој.