Connect with us

Фудбал

Хаос на прослава на титулата: Се запали автобусот со играчите на Звезда

Играчите на “Црвена звезда” денеска го совадаа Вождовац во последниот натпревар од сезоната и ја освоија 28. титула од домашното првенство.

Освен на стадионот, црвено-белите продолжија со прославата на улиците низ Белград, но нивната прослава беше прекината откако се запали отворениот автобус кој ги пренесуваше играчите од Маракана храмот Света Сава. 

Српските медиуми велат дека играчите на “Црвена звезда” од автобусот скокнале за да се спасат, а на крајот  за среќа повредени нема.

Според неофицијални информации, пожарот е предизвикан од еден од играчите со факел, кој случајно го запали маслото кое истекуваше од автобусот.