Connect with us

Фудбал

Хаос во Барселона, Лапорта го брка Чави, бесни поради неговата изјава

Се чини дека Барселона не може без шокантни ситуации, а последната се случи поради она што го кажа тренерот Чави на прес-конференцијата пред првенствениот натпревар со одамна испаднатата Алмерија.

Имено, Marca пишува дека клубот е во хаос, додека Ас е далеку поконкретен, наведувајќи дека бесниот претседател Жоан Лапорта му наредил на спортскиот директор Дек да започне потрага по нов тренер.

Најпопуларното радио „Кадена СЕР“ истакнува дека челниците на Барселона вршат голем притисок врз Лапорта да го отпушти Чави и дека од тренерот и неговиот стручен штаб е побарано да го напуштат клубот.

Пред само два месеци Чави ја повлече одлуката да си замине на крајот на сезоната, а сега јавно објави дека Барселона нема пари да се натпреварува со Реал и дека се неопходни засилувања.

„Навивачите мора да разберат дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Претходно тренерот на Барселона доаѓаше кај претседателот и велеше „Го сакам овој играч и овој и уште еден“. Тоа веќе не е така. Сепак, мораме да го засилиме тимот ако не сакаме се да остане како што е, во спротивно ќе ни биде многу тешко да се бориме против Реал во Европа, но мислам дека ситуацијата е многу тешка, особено во економска смисла, ние не сме на исто ниво како и другите врвни клубови, изјави Чави.

Шпанците пишуваат дека по ова полуделе во управата на Барселона, не само поради песимизмот, туку и поради тоа што Чави наводно на состанокот во куќата на Лапорта зборувал сосема поинаку. Да потсетиме, Чави сезонава не успеа да ја одбрани титулата шпански шампион, Реал го исфрли во шпанскиот Суперкуп, додека во Купот на кралот беше елиминирана во четврт-финалето, колку што стигна во Лигата на шампионите. .