Connect with us

Фудбал

Хаос во Мадрид: Челниците на ПСЖ тргнаа во пресметка со судиите

ПСЖ е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во реваншот, принцовите беа поразени од Реал Мадрид со 3:1, а херој беше Карим Бензема, кој постигна хет-трик.

По натпреварот во редовите на ПСЖ збеснаа, а видоа незадоволство кај судиите и начинот на кој ја играа играта.

Според некои од водечките светски медиуми, сопственикот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Леонардо по натпреварот отишле во соблекувалните да се пресметаат со судиите, но по многу дискусија и „тепачка“, обезбедувањето успеало да ги спречи.

За ПСЖ ова е уште еден удар и сезона во која ќе останат без трофеј во Лигата на шампионите, без разлика на огромните пари што ги вложуваат во клубот.

Летово отидоа чекор понатаму со доведувањето на Лионел Меси, но ниту тоа не им помогна да стигнат до толку посакуваниот трофеј во најсилното клупско натпреварување во Европа, а работите да бидат уште поболни, испаднаа уште на првата пречка во нокаут фазата.