Connect with us

Фудбал

Хаос во Шпанија: Валенсија со пријава до УЕФА

Вистински хаос владее во Шпанија. Имено, во време кога се бараат начини како да продолжи или да се заврши сезоната, неколку клубови беа револтирани поради идејата првенството да се прекине, да се прогласи шампион, а според моменталната табела клубовите да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Но, Валенсија и Атлетико Мадрид се против ова, кои секако не се во Топ 4, а имаат шанси доколку се доигра сезоната за такво нешто.

Валенсија отиде и чекор понатаму и го пријави во УЕФА Фудбалскиот сојуз на Шпанија за да се пожали  на ваквите идеји и планови.

Инаку, според моменталниот изглед на табелата, доколку биде одлучено сезоната да биде прекината, Барселона би била шампион, а освен неа во ЛШ би се пласирале Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедат. Во ЛЕ би играле Хетафе, Атлетико Мадрид и секако финалистот во шпанскиот куп Атлетик Билбао.