Connect with us

Фудбал

Хаосот во Италија продолжува, по Јувентус-Милан, одложен Наполи-Интер

Вчера попладне стигна информација дека вечерашниот дуел од Купот помеѓу Јувентус и Милан нема да се игра поради коронавирус, иако претходно беше најавено дека ќе се одигра без присуство на публика.

Попладнево нова, вест. Нема да се одигра ниту реванш мечот во Купот помеѓу Наполи и Интер од истите причини. Одложувањето на мечевите предизвика вистински хаос во фудбалска Италија, бидејќи поради густиот распоред нема кога да се одиграат одложените мечеви, а владата на Италија размислува на еден месец да ги суспендира сите спортски збиднувања.

Со оглед на тоа дека летово ќе се игра ЕП во фудбал, сите фудбалски лиги треба да завршат кон средината на месец мај, па поради тоа Италија има проблеми со пронаоѓање на термини за одложените мечеви.