Connect with us

Кошарка

Харден предводник на Хјустон во триумфот над Јута

Хјустон ја победи Јута на гостински терен ноќеска во Солт Лејк Сити со резултат 112:101.

Најзаслужен за триумфот на „Ракетите“ беше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со 29 поени, пет скока и три асистенции.

Со подобра игра во првиот и третиот период Хјустон во последната четвртна влезе со 22 поени предност, доволни за рутинирана финиш.

Покрај Харден, во победничката екипа солидна партија одигра и Андерсон со 23 поени. Во тимот на Јута се истакна Мичел со 26 поени.