Connect with us

Фудбал

Харт го пропушта лондонското дерби против Челзи

Голманот на Манчестер Сити кој се наоѓа на позајмица во Вест Хем, Џо Харт ќе го пропушти натпреварот со Челзи со кој ќе стартува 16. коло во Премиер лигата.

Харт поради повреда нема да биде на голот на „чеканите“ и ова ќе биде прв пропуштен дуел за него по доаѓањето од Сити. Единствено на натпреварот со својот клуб минатиот викенд, Харт не бранеше за Вест Хем што е регулирано во меѓусебниот договор на двата клуба.

Вест Хем по 15 рунди е претпоследен на табелата во Англиското фудбалско првенство со само 10 бода, или три помалку во однос на ВБА кој е прв тим надвор од зоната на испаѓање.

Натпреварот Вест Хем – Челзи е закажан за утре со почеток во 13:30 часот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.