Connect with us

Фудбал

Хасан Салихамиџиќ е пред крај на трансферот кој ќе им ја затвори устата на критичарите

Баерн Минхен е на чекор до реализација на голем трансфер.

Нов фудбалер на германскиот шампион ќе биде Садио Мане, со чии менаџери Хасан Салихамиџиќ ги договорил речиси сите услови од договорот.Салихамиџиќ во Мајорка се сретна со агентите на големиот Сенегалец. Мане е заинтересиран да дојде во Минхен и за него Баерн е „атрактивна дестинација“.

 

Работата треба да заврши наскоро. Мане ќе прифати тригодишен договор со Баерн, а Баварците за феноменалниот 30-годишен фудбалер на Ливерпул ќе му платат ’само’ 30 милиони евра.

Со крајот на овој трансфер, Хасан Салихамиџиќ би им ги затворил устите на сите критичари, од кои во последно време има многу луѓе во германската јавност, бидејќи сите го обвинија спортскиот директор на баварскиот великан за нешто поскромна сезона. .

 

Претходните шест години Садио Мане ги мина во Ливерпул. Во тимот од Енфилд стекна светска слава, освои речиси се што можеше, а на 268 одиграни натпревари постигна 120 голови.

Сепак, очигледно е дека имаше заситеност. Мане реши да си замине и очигледно неговата нова адреса на живеење ќе биде Минхен.

 

Сенегалецот претходно играше за Саутемптон, Ред Бул Салцбург и Мец.