Connect with us

SPORTM.mk

Хави Мартинез поради повреда ќе биде надвор од теренот шест недели

Дефанзивецот на Шпанија, Хави Мартинез ќе биде надвор од терените шест недели поради повреда на мускулот.

Неговиот Баерн Минхен победи на домашен терен во Волфсбург со 2-0 со доцните голови во 85-та и 89-та минута, со што триумфално стави крај на полусезоната.

Сепак, челниците на клубот не можат да бидат задоволни по натпреварот, бидејќи Хави Мартинез се повреди во текот на првото полувреме. Боатенг влезе да го замени Шпанецот, а тренерот на Баерн, Ханси Флик, го изјави следново по натпреварот:

„Тој (Мартинез) ќе биде отсутен некое време. Тој претрпе незгодна повреда на мускулот и се чини дека нема да биде на теренот околу шест недели“, рече тој.

Мартинез запиша повеќе од 200 натпревари за Баерн од влегувањето во клубот во летото 2012 година.

Оваа сезона тој има одиграно 11 натпревари во Бундеслигата и сите шест во ЛШ. Повредата, ако може да се каже така, дојде во најдобар можен момент, бидејќи во Германија сега неколку недели има пауза за празниците.