Поврзи се со нас

Фудбал

Хави Мартинез заминува после осум години, но исто така прави неочекуван потег

Хави Мартинез ќе го напушти Баерн по осум години.

Искусниот шпански фудбалер стана вистинска легенда во Минхен, но дојде време за збогување и нови предизвици во кариерата.

Иако Мартинез се поврзуваше со враќање во домашниот клуб Атлетик Билбао, 31-годишниот дефанзивец би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.

Според „Скај Италија“, екипата на Фиорентина е сериозно заинтересирана да го доведе во своите редови. Клубот од Фиренца ќе се обиде да стори се за тој да стане член на клубот, а засега проблем е платата.

Како и да е, тие се убедени дека Мартинез ќе се согласи на нешто помал приход отколку што има во Баерн и дека преговорите ќе се водат со него во наредниот период.

Мартинез освои апсолутно сè со Баерн од 2012 година. Тој одигра вкупно 238 натпревари и постигна 13 голови.

Advertisement