Connect with us

Фудбал

Хери Кејн се запиша во историјата на Тотенхем

Фантастичниот англиски напаѓач Хери Кејн сруши еден навистина интересен рекорд.

Неговиот Тотенхем против Челзи го играше првиот дуел од полуфиналето во Лига купот, а Кејн беше стрелец на единствениот погодок кој му донесе победа на Тотенхем.

Тоа за него беше 20. гол оваа сезона во сите натпреварувања, а со тоа го сруши рекордот.

Имено, тој стана првиот играч во историјата на овој клуб кој успеа да постигне барем 20 голови во пет последователни сезони.

Се започна во сезоната 2014/2015 кога Кејн само што се појави на големата сцена, а тогаш постигна 31 гол. Потоа со ред постигнуваше по 28, 35 и 42 голови, а сега го забележа и 20. во сезоната 2018/2019.

Како што тргнал и оваа сезона ќе постигне цифра од преку 30 постигнати голови.