Тајмаут
Хит меѓу жените, но и тема на исмејување, Македонски напаѓач ги наполни таблоидите во Италија!
Најпознатиот македонски фудбалер, кој во моментов игра за Џенова, го привлече вниманието на многу медиуми во Апенините. Имено, на натпреварот помеѓу Удинезе и Џенова, камерман фати интересен детал. Кога го напушти теренот Горан Пандев го привлече вниманието на себе со својата природна фризура.
Иако оваа фотографија беше направена во септември, се уште е хит на Интернет. Во тоа време, македонскиот напаѓач бил “фатен” во моментот кога ја напуштил играта а неговата фризура имаше чудна форма.
На некој му личи на печурката, на некои на секирата, а ги има и оние кои повеќе му личи на машк полов орган. Се на се бројните коментари од понежниот пол се позитивни, за разлика од судиите и противниците кој ни најмалко не сакаат Пандев да му ја покаже фризурата.