Connect with us

Фудбал

Хоакин уште три години во Бетис

Хоакин Санчез ќе го продолжи договорот со Бетис до 2020 година, кога и планира да замине во пензија, објавија шпанските медиуми.

Хоакин во моментов игра во Бетис. Тој веќе 18 сезони настапува за зелено-белите од Севиља каде доживеа целосна афирмација.

Во неговата кариера има настапи и за Валенсија, Малага и Фиорентина.

Оваа сезона во шпанската Примера 10 пати беше стартер, еднаш влезе од клупата за резерви. Има постигнато три погодоци.

За Шпанија одиграл 51 натпревар и постигнал четири гола.