Connect with us

Фудбал

Хофенхајм го претстави првото засилување за Лигата на шампионите

Хофенхајм, два дена по крајот на сезоната во Бундеслигата, го претстави своето прво засилување за новата сезона во која овој тим ќе игра за прв пат во историјата во Лигата на шампионите.

Третиот тим од германското првенство во своите редови го доведе Леонардо Битенкурт, 24-годишниот напаѓач го потпиша договорот до 2023 година.

Битенкурт е поранешен голем талент на Борусија Дортмунд, кој во минатото помина низ сите младински екипи од Германија, додека во Хофенхајм пристигна од Келн кој испадна од прва лига. Во оваа сезона играше на 22 натпревари и постигна пет гола.

По напуштањето на Дортмунд, Битенкурт играше за Хановер и Келн, а во Хофенхајм пристигна за шест милиони евра.