Connect with us

Фудбал

Хонда го тагна гигантот и порача: Дај ми понуда, не ми требаат пари

Јапонската фудбалска легенда Киисуке Хонда со месеци е без клуб.

Искусниот 33-годишен играч од средниот ред го имаше својот последен ангажман во австралискиот Мелбурн Виктори, а додека чека нов тим, реши да ги понуди своите услуги преку Твитер до Манчестер Јунајтед.

Пораката што тој ја испрати е многу интересна:

„Дајте ми понуда. Не ми требаат пари, но сакам да играм во голем клуб и со одлични соиграчи“, напиша Хонда на твитер каде го тагна Манчестер Јунајтед.

Покрај Мелбурн, Јапонецот играше и за мексиканскиот клуб Пачука, а играа и за Милан, ЦСКА, Венло и Нагоја.