Connect with us

Фудбал

Хорхе Мендеш на Јувентус и ја понуди младата ѕвезда на Милан

Јувентус бараше информации за напаѓачот на Милан, Рафаел Леао пред претстојниот трансфер перод, пренесува „Тутумеркатовеб“.

Леао ја немаше најдобрата сезона од неговото доаѓање од Лил минатото лето бидејќи се бореше со минути и простор во напад покрај Анте Ребиќ. Тој беше стартер само неколку пати и претежно играше на различни позиции под раководство на Стефан Пиоли.

И покрај тоа, на 12-те натпревари од продолжението во Серија А, тој четирипати ја погоди мрежата и почна да го прикажува токму она што го видел Милан во него кога платиле повеќе од 25 милиони евра за да го доведат на „Сан Сиро“.

Според она што го објави „TMW“, имало некои контакти помеѓу Јувентус и Хорхе Мендеш во врска со Леао. Португалскиот агент го понуди својот клиент за време на разговорот со шефот на Јувентус, Фабио Паратити.

Сепак, се чини дека Милан не е подготвен да го продаде Леао, па наместо тоа тие силно ќе се фокусираат на 21-годишниот играч следната сезона – играч на кого му веруваат и кој може многу да направи со помош на Златан Ибрахимовиќ.