Фудбал
Хорор и пекол на „Олд Трафорд“: Ливерпул го понижува Јунајтед!
Ливерпул по првото полувреме му одржа фудбалска лекција на Манчестер Јунајтед.
„Црвените“ водат со 0:4, а во уште неколку акции би можеле да ја затресат мрежата на Манчестер Јунајтед.
За 0:1 го погоди Кеита во петтата минута, Салах асистираше по збунетата реакција на Лук Шо.
Осум минути подоцна Жота погоди за 0:2 на асистенција на Трент, а сега Мегваер имаше лоша реакција во одбраната на Јунајтед.
Во 38. минута нов хаос во одбраната на Јунајтед, топката се одби до Кеита кој го проигра Салах кој погодува за 0:3, а во третата минута од судиското обештетување Салах повторно погодува за неверојатни 0:4.
Фирмино и Жота имаа шанси во првото полувреме, па Јунајтед можеше да прими повеќе голови.