Connect with us

Кошарка

Хорор повреда на НБА кошаркарот Карис Леверт (Видео)

 

Хорор повредата на кошаркарот Карис Леверт го одбележа дуелот помеѓу Минисота и Бруклин. Имено, Леверт при еден скок лошо приземји и го свитка зглобот поради што целата арена занеме.

Веднаш стана јасно колку е сериозна ситуацијата, Леверт лежеше на теренот во агонија и по неколкуминутна медицинска помош беше изнесен кон соблекувалната, а потоа и кон најблиската клиника. Поради оваа повреда, за Леверт следува подолг период на рехабилитација.

По натпреварот се огласи и неговиот соиграч Џенан Муса, која напиша: „Не знам што да кажам во овие моменти… Се молам за мојот брат“.

Инаку, Минесота славеше на овој дуел со 120:113, пред се поради одличната партија на Џеф Тиг и Ентони Таунс кои заедно уфрлија 49 поени.

Резултати: Вашингтон – Орландо 117:109, Мајами – Филаделфија 114:124, Торонто – Њу Орлеанс 110:126, Чикаго – Далас 98:103, Мемфис – Јута 88:96, Оклахома – Феникс 118:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:99, ЛА Клиперс – Голден стејт 121:116.