Фудбал
Ховедес сигурно како дете не лепеше постери од овој клуб, но денес потпиша!
Германскиот фудбалер Бенедикт Ховедес денеска потпиша договор со нов клуб.
И покрај тоа што не се очекуваше, Ховедес отиде во далечна Русија и дресот на Јувентус го замени со дресот на Локомотив Москва.
Тој за новиот клуб потпиша договор на четири години, а неговото заминување во Русија изненади многумина, бидејќи се работи за фудбалер кој до вчера играше за Јувентус.
Минатата сезона беше на позајмица во редовите на Старата дама од Шалке, но очигледно не ги задоволи лидерите на клубот, но сепак не го купија неговиот договор од германскиот тим.
На крајот Ховедес не се одлучи да остане во Германија, туку премина во Русија каде очигледно има намера да игра до доцните години со оглед на тоа што кога ќе му истече договорот ќе има 34 години.
Инаку, тој има забележано 44 настапи за репрезентацијата и постигна два гола.
? DEAL DONE: Benedikt Höwedes has signed for Lokomotiv Moscow on a 4-year deal. (Source: @fclokomotiv_eng) pic.twitter.com/aT7xFbETW2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 31, 2018