Connect with us

Фудбал

Христијан Кировски потпиша за Работнички

Фудбалерот од нападот Христијан Кировски од денеска е нов играч на Работнички, објави клубот од Дебар Маало на својата веб страница.

– Успеавме да постигнеме договор со Христијан Кировски, кој е искусен и квалитетен напаѓач, и сигурно ќе ни биде од голема помош во пролетниот дел од сезоната, истакнува спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

Кировски за „Романтичарите“ настапуваше пред десет години, а последните две сезони ги мина на Тајланд.

– Среќен сум што постигнав договор со раководството на Работнички и ќе се трудам максимално да ја оправдам довербата и со добри игри да му помогнам на тимот да ги исполни своите цели во пролетниот дел од првенството. По две години на Тајланд се враќам во македонскиот фудбал и имам големи мотиви“, вели Христијан Кировски.