Connect with us

Фудбал

Хрватскиот голман го смени Алисон на голот на Рома?

Откако Алисон Бекер се пресели во Ливерпул за 70 милиони евра, лидерите на Рома беа во потрага по новиот чувар на мрежата.

Ако е за верување тоа што го пишуваат италијанските весници, голманот на Хрватска, Ловре Калиниќ, кој бранеше две сезони во Белгија за Гент, е потенцијална замена за Алисон.

Калиниќ по одличните натпревари стана прв голман на Гетн, а челниците на Рома, наводно веќе направија некои разговори, по прашањето за доведување на поранешниот член на Хајдук.

Дека ќе биде тешко да се задржи Калиниќ свесни се и во белгискиот тим, но останува да се види кој износ ќе ги задоволи челниците на Гент, кој во јануари одбија понуда од Евертон тешка 15 милиони евра.

Италијанците пишуваат дека Калиниќ не е единствениот голман кој е на радарот на Рома, па затоа треба да видиме, што ќе донесат следните денови.