Connect with us

Фудбал

Хулк пред сензационално враќање во Европа?!

Бразилскиот фудбалер Хулк по четири години одлучи да замине од кинескиот Шангај СИПГ. Тој во овој клуб пристигна од Зенит во 2016-та година, а иако имаше понуди од европски клубови, сепак се одлучи за милионите од Кина. Иако договорот со Шангај му истекува за еден месец, сепак тој одлучи малку порано да ја раскине соработката. Во моментов овој 34-годишен напаѓач е без клуб, а тоа нема долго да трае.

Имено, во Португалија пишуваат дека Хулк е на чекор до сензаионален кам-бек во Порто, каде некогаш играше фантастично. Тој во Порто играше четири години и беше најдобар фудбалер на овој тим.

Наводно веќе преговорите со Порто се завршени и се очекува договорот да биде потпишан на почетокот на јануари следната година.